Schedule a Visit
Nulla vehicula fermentum nulla, a lobortis nisl vestibulum vel. Phasellus eget velit at.
Call us: 1-800-123-4567
Send an email: monica.wayne@example.com
Nulla vehicula fermentum nulla, a lobortis nisl vestibulum vel. Phasellus eget velit at.
Call us: 1-800-123-4567
Send an email: monica.wayne@example.com
Не. Хипнозата е природна состојба на свеста, која повеќе пати во текот на денот ја доживуваме а притоа и не забележуваме. Исто би можеле да се запрашаме, дали е опасно спиењето.
Таков пример сеуште не сме забележале. Но пред се , тука има игра на зборови, бидејќи во хипноза не спиеме. Лично го употребувам изразот " се крева од хипноза ". Хипнозата нема никаква врска со спиењето. Хипноза е сменета состојба на вашата свест, која можете Вие да ја прекинете било кога.
Па бидејќи сме физички и ментално опуштени имаме чувство дека малку сме одсутни, мислите ни се ретки и насочени. Секојдневно тоа чувство го доживуваме, кога одиме на спиенје и тоа е оној последен момент пред да заспиеме, тогаш настпува моментот на празна свест.
За жал не. Мојата работа би била многу полесна ако е така. Вистина е дека ќе ги прифатите само оние сугестии кои Вам ви одговараат. Поради тоа морате да сте добро мотивирани. Со други зборови: успехот на хипнотичката терапија зависи од тоа, дали Вие навистина сакате промена.
Грубо гледано вашиот негативен програм во подсвеста го сменуваме со позитивен. Успехот на хипнотерапијата е секогаш во Вашите раце. Бидејќи Вие можете сугестиите за вашата промена едноставно да ги одбиете ( иако сте во длабок степен на хипноза ) јас морам пред терапијата да утврдам дали Вие навистина ги сакате тие промени. И ако заеднички видиме, дека сеуште не сте спремни , ќе се видиме после неколку месеци, така да ништо на сила не работиме.
Да. Најголем непријател на хипнозата е стравот. Честите изјави од типот, мене не можеш да ме хипнотизираш, обочно значат - ми е страв. Таква особа навистина е невозможно да биде хипнотизирана. За секоја хипноза е потребна ваша согласност.
Не сте единствен. Морате да знаете дека успешноста на хипнозата не е битна од вашето веруванје во неа. Доволна е само вашата желба за промена, а останатото е моја работа.
За почеток сменете се себе и ќе видите дека и вашиот партнер или дете се сменило. Хипнозата не е успешна кај луѓе што не сакаат промени.
Да . хипнозата нема врска со вашето опуштање.
Ништо од сето тоа. Како што би можеле ние двајца да изведеме хипноза и на автобуска станица, така и Вие ќе можете да направите самохипноза било каде и било кога. Единствен услов е , да седнете или легнете и да сте на сигурно. Инаку на се ќе Ве подучам на раборилницата за самохипноза.
Бидејќи сте на почеток на употребата на самата хипноза, треба да се биде толерантен кон себе. Така првата недела е наменета за практикување на употребата на самата состојба, Веќе од другата недела па натаму ќе одите постепено. На работилницата ќе добиете прецизни упатства. Отприлика после еден месец сугестиите веќе почнуваат брзо да дејствуваат. Интересно е, кога еднаш веќе сме почнале да практикуваме самохипноза нашиот живот прилично се смирува. Не сме повеќе толку подложни на разни стресни ситуации.
Стравот е непотребен. Ако би сакал да извлечам некоја тајна од Вас , повеќе можности би имал во обична состоба него ли во состојба на хипноза. Мора да знаете дека во хипноза може лесно да се лаже ако тоа се сака. Хипнозата инаку ја употребуваме и во криминалистика, но не за откриванје на вистината туку како помош на сведоците за полесно да се сетат на некои детали битни за случуванјето.
Обично две., за кои е предвидено плаќанјето . Овде би сакал да напомнам дека си ја оставам можноста да не ве примам како клиент.
Чесно прашање. По долгогодишин интерес, учење и пракса завршив Omni Training centar of SlovenijaОмни ( OHTC board оf Slovenia ) .Тоа е Словенска филијала на американското школо, кое се води во Словенија , Италија и Босна. Воедно сум и член на американскиот сојуз за хипнотерапија (Nacional board of hipnosis ) . Стручниот назив кој ми е доделен гласи: Board Certified Hipnosist.
Не. Кога еднаш ќе почнете да употребувате самохипноза, таа ви останува за трајна употреба.